Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб успеа да обезбеди настап во големото финале во Купот на Хрватска откако со 4:1 по продолженијата ја елиминираше Горица.
За „модрите“ настапија двајцата македонски репрезентативци, Стефан Ристовски како стартер до 81 минута, и Аријан Адеми од стартот на второто полувреме.
После регуларните 90 минути беше 1:1, а Динамо успеа во двете продолженија да го скрши отпорот на противникот.При резултат од 3-1 во 119 минута Адеми претрча скоро пола терен и успеа да се запише во листата на стрелците. Ривал во битката за куп трофејот на Динамо ќе му биде составот на Истра на 19 мај.
https://streamable.com/mmmbyf