петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми: Сакавме пред се на самите себе да си покажеме и докажеме дека можеме да победиме и големи репрезентации

Аријан Адеми: Сакавме пред се на самите себе да си покажеме и докажеме дека можеме да победиме и големи репрезентации

Аријан Адеми вчера во Дуизбург како што впрочем одигра и целата наша репрезентација. Го имаше насекаде,одигра беспрекорно добро како и секогаш:

 „Нормално дека ова е голема победа за сите нас. Верувавме во тоа, направивме се за да се сотвари тааа победа и мислам дека на крајот и заслужено победивме. Беше тешко, но кога човек верува тоа е и остварливо. Така направивме и ние, имаме пред се одлична генерација, а кога е веќе така зошто да не се победи и една Германија“ – вели Адеми. Сакавме пред се на самите себе да си покажеме и докажеме дека можеме да победиме и големи репрезентации. Сега ќе ни биде многу полесно и против Украина и против Холандија, затоа што сме свесни колку сме добри. Тоа е најбитно“  

Тој вели дека речиси во текот на целиот меч играл со болки, но не е страшно, навикнат е.

„Да, добив удар и тоа доста тежок. Имам болки но мислам дека ќе биде ок. Што се однесува до Германците, најголем впечаток ми остави Гундоган се гледа дека тоа е играч кој е класа подобар од сите нив“ – завршува Адеми.  Сега ќе ни биде многу полесно и против Украина и против Холандија, затоа што сме свесни колку сме добри. Тоа е најбитно“ – додава играчот од средниот ред на нашата репрезентација и Динамо Загреб.