недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми се врати по повредата со асистенција

Аријан Адеми се врати по повредата со асистенција

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб славеше со 2-0 против Шибеник, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати од повредата и веднаш асистираше за неговата екипа.

Адеми влезе во игра од клупата за резервни фудбалери во 57. минута, а 10 минути подоцна му асистираше на Лауритсен за водство од 1-0.

Во завршницата на натпреварот во листата на стрелци се запиша и Иванушец во 78. минута, кој ја потврди победата и му донесе три бода на Динамо Загреб.

Динамо по седум одиграни меча е на првата позиција со 16 бодови.