петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал доби нов фудбалер

Арсенал доби нов фудбалер

Досегашниот фудбалер на белгискиот прволигаш Андерлехт, Албер Самби Локонго, денеска потпиша повеќегодишен договор со премиерлигашот Арсенал.

-Албер е исклучително интелигентен фудбалер, кој во својата игра покажува многу зрелост. Уверени сме дека е подготвен за следната фаза во неговиот фудбалски развој и среќни сме што можеме да посакаме добредојде во тимот на фудбалер со неговите квалитети изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Локонго (22) дебитираше за Андерлехт со 18 години и оттогаш за трофејниот клуб од Брисел одигра 78 натпревари на кои постигна три голови.

Тој е второто засилување на премиерлигашот од Лондон за новата сезона по Нуно Тавареш. (МИА)