петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал го задржа Габриел до 2027 година

Арсенал го задржа Габриел до 2027 година

Бразилецот Габриел Магаљаеш, еден од играчите на одбраната на лондонски Арсенал како што беше најавено и официјално останува во овој тим до 2027 година откако потпиша нов договор со управата на Арсенал.

Задржувањето на Габриел беше еден од моменталните приоритети на бившиот англиски првак, откако Габриел заедно со Вилијам Салиба станаа ударниот стоперски тандем кој извонредно функционира, па раководството побрза да му даде нова соработка, иако актуелниот договор на Бразилецот истекуваше во 2025 година.

Габриел во Европа дојде од Аваи во Лил, по што играше на заем во Троа и Динамо Загреб, пред Арсенал да плати 26 милиони евра за да го ангажира пред две години.