недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал го загуби и вториот напаѓач како слободен агент

Арсенал го загуби и вториот напаѓач како слободен агент

Изминатава зима Арсенал спогодбено го прекина договорот со Обамејанг и му дозволи да направи слободен транфер во Барселона, но само неколку месеци подоцна, како слободен агент си оди и вториот напаѓач, Александре Лаказет. Тоа што се најавуваше денеска доби и официјална потврда, односно двете страни не планираат да седнат на маса за нов договор, што значи дека Французинот ќе направи трансфер во друг клуб без истиот да исплати било каква отштета.

– Со клубот решвиме да се разделиме, да тргнеме по други патишта. Клубот се одлучи за друг правец, а дојде и крајот на мојот договор. Беше вистинска чест да се игра за клубот за кој сонував како дете. Постојано имав поддршка во изминатите пет години и ова е крај на една ера. Благодарност до сите, ќе останам во контакт со соиграчите, со менаџерот и сите останати, – изјави Лаказет.