сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал ќе потроши над 200 милиони евра на засилувања

Арсенал ќе потроши над 200 милиони евра на засилувања

Во следните два дена во лондонски Арсенал се очекува официјалното претставување на Каи Хаверц кој ќе пристигне за сума од околу 65 милиони евра, но „топчиите“ нема да застанат тука.

Арсенал е пред потпис и со капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс, за кого ќе биде издвоена сума која ќе биде поголема од сто милиони евра, затоа што „чеканите“ веќе ги одбија првите две понуди.

Третото засилување ќе биде Јуриен Тимбер од Ајакс, со кого Арсенал веќе ги договорил личните услови и останува само да се „испегла“ отштетата што ќе му биде исплатана на холандскиот клуб, а таа не би требало да биде помала од триесет милиони фунти.