петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал на последните шест натпревари во Премиер лигата има само една победа

Арсенал на последните шест натпревари во Премиер лигата има само една победа

Тимот на Арсенал се наоѓа во сериозна резултатска криза, а тоа се потврди и вчеравечер кога „топчиите“ загубија на домашен терен од Вулверхемптон со 2:1.

Претходно Арсенал загуби од Астон Вила (3:0), Лестер (1:0) и Манчестер сити (1:0), со Лидс ремизираше (0:0), а го победи само Манчестер јунајтед (1:0).

За избраниците на тренерот Микел Артета ова е четврти пораз на последните шест натпревари од Премиер лигата, со само една победа во овој период.

Во следното коло, Арсенал ќе играат на гости против Тотенхем, лидерот во Премиер лигата.