петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал нема да го продолжи договорот со Озил

Арсенал нема да го продолжи договорот со Озил

Германскиот играч за врска Месут Озил ќе го напушти Арсенал следното лето откако му истече договорот, пишува „Дејли меил“.

Според изворот, 31-годишниот Германец неодамна изразил незадоволство од управата и стручниот штаб на „Топчиите“, поради што е одлучено да не се продолжи договорот со него.

Озил игра во Арсенал од 2013 година. Во сезоната 2019/20, тој одигра 23 натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции.