сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал потпиша нов договор со Одегард, капитенот останува на Емирати до 2028 година (ВИДЕО)

Арсенал потпиша нов договор со Одегард, капитенот останува на Емирати до 2028 година (ВИДЕО)

24-годишниот норвешки фудбалер ја запечати својата иднина во Арсенал. Тој таму пристигна во јануари 2021 година, a истата година во август потпише четиригодише перманентен договор со топчиите.

Во меѓувреме Одегард се промовираше како лидер на тимот, ја доби капитенската лента, а денеска потпиша и нов договор со трајност до јуни 2028 година.

„Потпишувањето на нов договор беше навистина лесна одлука за мене од многу причини. Главно тоа што го правиме како клуб сега за мене е посебно и сакам да бидам дел од тоа. Навистина сум возбуден од она што доаѓа. Најдов место каде што се прилагодив и можам да го кажам мој дом“, вели Одегард.