Екипата на Арсенал ќе игра во полуфиналето на ФА купот. „Топчиите“ попладнево го победија Шефилд јунајтед на гостински терен со 2:1.
Стрелци за Арсенал беа Пепе од пенал во 25.минута и Дани Себалос во 90+1. минута. За Шефилд погоди Дејвид Мекголдрик во 87. Минута.
Пласман во полуфиналето вчера обезеди Манчестер јунајтед, а другите два полуфиналисти ќе бидат познати вечер. По завршување на натпреварите Лестер – Челзи и Њукасл – Манчестер сити. (МИА)