четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал сериозно заинтересиран за Диаби

Арсенал сериозно заинтересиран за Диаби

Арсенал презема сериозни чекори да го донесе во своите редови крилниот напаѓач на Баер Леверкузен, Муса Диаби, јавија денеска германските медиуми.

Тренерот на лондонскиот клуб Микел Артета сака да ги засили напаѓачките опции и во летниот преоден рок да донесе двајца напаѓачи.

Трансферот на Диаби зависи од тоа дали Арсенал ќе обезбеди настап во Лигата на шампиони. На четири кола до крајот на англиската сезона Арсенал е на четвртото место на табелата со два бода повеќе од петто пласираниот Тотенхем.

Договорот на Диаби истекува во јуни 2025 година и Баер Леверкузен првично одреди цена од 100 милиони, но е подготвен да прифати обесштетување од 75 милиони евра.