петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета: Ги имавме, разликата беше…

Артета: Ги имавме, разликата беше…

Арсенал го претрпе првиот лигашки пораз на домашен терен во оваа сезона и тоа од директниот конкурент за титулата Манчестер Сити кој славеше на „Емирејтс“ со 3-1.

Домаќините ја имаа топката во своите нозе, севкупно упатија повеќе удари од проотивникот, ама само еден беше во рамката на голот што се покажа како недоволно за позитивен резултат. Со овој неуспех „топчиите“ го загубија врвот на табелата, но без  разлика на тоа тренерот Микел Артета верува дека неговите момци ќе имаат што да кажат до крајот на кампањата.

-Голема, голема битка, особено до вториот примен гол, ги имавме-имавме чувство дека можеме да ги победиме, ама им подаривме три гола и натпреварот на крајот. Одредени грешки на ова ниво не смеете да ги направите. Тимот го постави нивото многу високо во исто време.Тие играа со долги топки и се мачевме да излеземе од тие зони, не ја читавме добро ситуацијата и не казнуваа, -рече Микел кој потоа говореше и за трката за пехарот.

-Верувам повеќе во тоа отколку пред натпреварот, со овој настап против тим како Сити. Тие сакаа да играат поинаков натпревар од оној што го игравме и со навивачите што ги имавме можевме тоа да го сториме. Имаат верба, можам тоа да го почувствувам. Тие чувствуваат дека можат тоа да го направат. Разликата беше во казнениот простор, имаа три шанси и ги искористија. Ние имавме шанси и не ги реализиравме, -порача Шпанецот за „Би-Би-Си“.