четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета ги пофали играчите на Арсенал за победата над Челзи

Артета ги пофали играчите на Арсенал за победата над Челзи

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги пофали своите играчи откако го совлада Челзи со 4:2 во 30. коло од Премиер лигата.

– Ова е одлична вечер и играчите го заслужуваат тоа. Беа тешки две недели, но мораме да се вразумиме и да го покажеме нашиот дух. Бевме критикувани, и со право, со оглед на очекувањата што ги имаме. Тоа беше тактички многу тежок натпревар. Моравме да се прилагодиме. Ни треба играчите да бидат флексибилни и да се прилагодат. Мислам дека играчите направија многу добра работа, изјави Артета за „Би-би-си“.

Арсенал е петти во Премиер лигата со 57 бодови. Челзи е на третото место со 62 бода.