четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета како засилување ангажираше лабрадор

Артета како засилување ангажираше лабрадор

Тренерот на премиерлигашот Арсенал, Микел Артета (41), ангажираш ново засилување во тимот – куче од расата лабрадор, јавија денеска англиските медиуми.

Шефот на Арсенал смета дека кучето, кое играчите го нарекле Win (Победа), ќе го намали нивото на стрес кај своите фудбалери и ќе му помогне да го извлече најдоброто од својата екипа.

Сопственикот на куче е член на клупскиот персонал, а лабрадорот доаѓа неколку пати неделно во тренинг центарот на Арсенал.

Медиумите наведуваат дека Артета ја „засилил“ екипата со лабрадор, бидејќи е докажано дека кучињата можат да имаат позитивно влијание врз менталното здравје, да го подобрат расположението и да го намалат нивото на стрес.

Шпанскиот фудбалски тренер е познат како стратег кој со бројни неконвенционални чекори се обидува да ја зајакне својата екипа и тимскиот дух.