Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за можниот отказ од лондонскиот клуб поради слабите резултати.
– Денот кога решив да станам тренер, веќе знаев дека еден ден ќе ме отпуштат. Или јас сам ќе го напуштам клубот. Не знаев дали тоа ќе се случи следниот ден по потпишувањето на договорот, за еден месец, година или шест. Никогаш не се грижам за ова. Мојата единствена грижа е да го извлечам максимумот од играчите, да му го дадам најдоброто на клубот и да напредувам. Таква е оваа професија, изјави Артета.
Арсенал го бележи најслабиот старт во англискиот фудбалски шампионат во последните четири децении. Тимот има само 13 бодови на 10 натпревари за во моментов 14. место на премиерлигашката табела. ,