недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета: Не сакаше топката да влезе во нивната мрежа, но не се откажавме

Артета: Не сакаше топката да влезе во нивната мрежа, но не се откажавме

Арсенал славеше со 3-2 против Манчестер јунајтед и направи чекор кон титулата во Премиерлигата.

Тренерот Микел Артета даде коментар за мечот и кажа дека верувале постојано во победа против ривалот.

„Добивме натпревар со многу емоции. Не можеше да биде подобро од ова. Топката не сакаше да влезе во нивната мрежа, но останавме мирни и не се откажавме. Заслужуваме да бидеме таму каде што сме во моментов“, кажа Артета.

Арсенал е лидер со 50 бодови, односно пет повеќе од Манчестер сити, а има одиграно и еден меч помалку.