сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета: Ова е најемотивниот момент во Арсенал

Артета: Ова е најемотивниот момент во Арсенал

Лондонски Арсенал направи голем пресврт и ги освои трите бода на лигашката пресметка против Борнмут на „Емирејтс“.

Домаќините со гол во 97 минута го комплетираа кам-бекот, пресвртот, гол по кој настана вистинскии лудило кај играчите, навивачите, дури и кај менаџерот Микел Артета кој едноставно не можеше да ги сокрие емоциите.

-Ова веројатно е најгласниот и најемотивниот момент што заедно сме го доживеале. Патувањето на кое сме заедно и како играчите и навивачите се заедно. Навистина е специјално кога ќе се додаде тој момент, -рече Артета на кого му е драго што екипата одново е во победнички ритам.

-Победи на четири натпревари во Премиер лигата е многу тешко, ние имавме три за една недела што е уште потешко. Ние го направивме тоа на различни начини и тоа треба да генерира повеќе верување. Денес многу работи тргнаа против тимот, -порача Шпанецот.