вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета: Ова е само почеток, ние трчаме маратон

Артета: Ова е само почеток, ние трчаме маратон

Тренерот на Арсенал, Микел Артета по победата над Фулам (2:1) извојувана вчеравечер на домашен терен во натпреварот од 4. коло на англиската Премиер лига, побара од своите играчи да не потпаѓаат под еуфоријата што ја создаваат навивачите на „топчиите“.

– Голем набој на дуелот со Фулам. Многу е убаво да се победува. Направивме грешка, а противникот не казни. Но, тогаш реагиравме како што треба. Се чувствува нашата поврзаност со навивачите, вербата на играчите кои сакаа да победат. Тие бе арешени за такво нешто, успеавме во тоа. Сега претстои следниот натпревар. Оваа недела имаме уште две средби, мора добро да се подготвиме и да се освежиме. Секој натпревар во Премиер лигата е многу тежок. Ова е само почеток на сезоната. Ние трчаме долг, долг маратон, изјави 40-годишниот шпански стручњак.

Артета стана четвртиот менаџер на Арсенал кој ја започнал сезоната во Премиер лигата со четири последователни победи.

По четири кола во Премиер лигата, „топчиите“ освоија 12 бода и се на врвот на табелата. (МИА)