петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета потпиша нов договор со Арсенал

Артета потпиша нов договор со Арсенал

Шпанскиот фудбалски стратег Микел Артета потпиша денеска нов договор со премиерлигашот Арсенал со важност до лето 2026 година.

– Возбуден сум, благодарен и среќен. Сакаме клубот да го однесеме на повисоко ниво и да се натпреваруваме со најдобрите екипи. За тоа да го оствариме мораме да играме во Лигата на шампиони, изјави Артета.

На четири кола до крајот на сезоната Арсенал е на четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампиони,со два бода предност пред Тотенхем.

Артета е на клупата на Арсенал од зимата 2019 година и со „топчиите“ освој еден трофеј, во ФА купот во сезоната 2019/2020. (МИА)