вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета: Верувам во играчите на Арсенал

Артета: Верувам во играчите на Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен од изданието на неговите фудбалери во синоќешната победа над Борнмут (2:1) во 4. коло од ФА Купот.

– Секогаш е тешко да се победи тука, а ние го направиме тоа со млад тим. Верувам во овие играчи, тие се развиваат во добра насока. Имаат желба, мотив, во иднина ќе бидат уште подобри, изјави Артета.

Тој кажа дека го следи трансфер пазарот, но нема конкретни планови.

– Ние работиме на пазарот и се обидуваме да сториме нешто, со оглед на нашите ресурси. Ќе ве информираме кога ќе има повеќе новости, соопшти предводникот на „топчиите“.

Арсенал во 5.коло од ФА купот ќе игра со Портсмут.