сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета за победата над Манчестер сити: Знаевме дека треба да се бориме и го направивме тоа

Артета за победата над Манчестер сити: Знаевме дека треба да се бориме и го направивме тоа

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги пофали своите избраници за прикажаната борбеност на натпреварот од 8. коло на Премиер лигата против Манчестер сити (1:0).

– Многу сум горд. Тоа се случи во вистинско време со вистинските луѓе и вистинските играчи. Знаевме дека треба да се бориме и го направивме тоа. Ова е голема победа. Второто полувреме го започнавме навистина добро и одигравме навистина агресивно. Ни помогнаа и замените. Сè околу шансите за гол беше на највисоко ниво. На нашите противници им направивме многу проблеми, исто како што и тие ни направија нас. Не беше лесно да се оди во напад. Потребен ви е вистинскиот тајминг, вистинското движење. Ми се допаѓа нашата храброст. Има тешки моменти против овој тим. Треба да бидете директни, да управувате со вашите емоции и да бидете сигурни дека нема да ве фатат правејќи грешка, изјави Артета за „Би-би-си“.

Арсенал има 20 бодови и е на второто место во Премиер лигата. Во следното коло лондонци ќе играат на гости кај Челзи на 21 октомври, а истиот ден Сити му гостува на Брајтон.