Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал (35) ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот прволигаш Фламенго со кој потпиша договор до декември 2023 година.
– Денеска ми се исполнија сите соништа во животот, објави Видал на Инстаграм.
Видал се сели во Фламенго без обесштетување, откако му истече договорот со новиот италијански првак Милан.
Кариерата ја почна во чилеански Коло – Коло, а од 2007 година настапуваше во Европа, носејќи го дресот на Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона и Интер.