среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Асистенцијата на македонскиот репрезентативец Алиоски донесе победнички гол на Лидс против Манчестер Сити

Асистенцијата на македонскиот репрезентативец Алиоски донесе победнички гол на Лидс против Манчестер Сити

Лидс го совлада лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити со 2:1 попладнево на гостински терен. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски одигра одличен меч кој го круниса со асистенција при постигнувањето на победничкиот гол на Стјуарт Далас во судиското надополнување.

Екипата на Марсело Биелса дојде во водство преку Стјуарт, а во финишот на првото полувреме остана без исклучениот Лиам Купер.

Феран Торес во 76. минута изедначи на 1:1 искористувајќи ја предноста од фудбалер повеќе. Сепак, Сити не успеа да направи целосен пресврт, напротив прими гол и го претрпи четвртиот сезонски пораз во англиското првенство.

И покрај поразот Манчестер сити е лидер на табелата со 74 бода од 32 натпревара, Лидс е деветти со 45 бодови од 31 натпревар. (МИА)