Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го продолжи договорот со Астон Вила до летото 2027 година.
Искусниот чувар на мрежата на „Вила Парк“ пристигна летото 2020 година од Арсенал и потпиша соработка до 2024 година.
Откако во меѓувреме стана неприкосновен на голот и бележи одлични партии во Премиер лигата, клубот реши да го награди со нов, тригодишен договор.
За клубот од „Емирати“ дебитираше во 2012, но во ниту еден момент не успеа да се избори за статусот прв голман, покрај Петр Чех, а подоцна и Бернд Лено, па често одеше на позајмица.