Астон Вила е многу блиску до третото засилување за новата сезона, тимот предводен од Стивен Џерард го договори Диего Карлос од Севиља.
Филипе Кутињо беше задржан и постигнат договор со Барселона за перманентен трансфер на Бразилецот. Астон Вила потоа успеа да ја доби битката за потписот на Бубакар Камара од Марсеј, а сега е потврдено и третото засилување.
Тимот предводен од Стивен Џерард соопшти дека начелно е постигнат договор за трансфер на Диего Карлос од Севиља.
Бразилецот важи за еден од подобрите дефанзивци во Шпанија и има откупна клаузула од 80 милиони евра. Во моментов нема потврда за сумата која ќе биде платена.