Екипата на Астон Вила ќе игра во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа во реванш полуфиналниот дуел го победи Лестер со 2:1 за вкупни 3:2.
Клубот од Бирмингем по деветти пат во својата историја се пласираше во финалето ан ова натпреварување изедначувајќи се со Манчестер јунајтед во овој статистички индикатор. Повеќе финалиња има само Ливерпул – 12, додека Арсенал, Тотенхем и Челзи останаа на осум.
Астон Вила има пет победи во ЕФЛ, последен пат го освои трофејот во 1996 година совладувајќи го во финалето Лидс со 3:0.
Противник на Вила во борбата за трофејот ќе биде поуспешниот од пресметката Манчестер сити – Манчестер јунајтед. Првиот дуел заврши со резултат 3:1 за Сити, реваншот е вечер од 20:45 часот.