Италијанските власти објавија нов, поопширен извештај за изненадната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, кој соиграчите го пронашле мртов во хотелска соба во март пред натпреварот против Удинезеа.
Потврдено е дека Астори на 32 години умре од аритмија предизвикана од кардиомиопатија.
Извештајот објавен од Универзитетот во Падова кој е водечки во светот во патологија, а истражува 800 случаи на изненадна смрт кај млади до 35 години.
Според истражувањата, четвртина од испитуваните случаи починале од аритмија предизвикана од кардиомиопатија, која е наследна болест, а можноста за смрт е пет пати поголема кај болните кои интензивно се занимаваат со спорт.
Иако е утврдено од што починал фудбалерот, сепак побарано беше мислење и од експертите за да дадат дополнително објаснување.