среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аталанта се засили со Лукман

Аталанта се засили со Лукман

Нигерискиот фудбалски репрезентативец Адемола Лукман (24) ги напушти редовите на Лајпциг и потпиша четиригодишен договор со Аталанта, објави денеска италијанскиот прволигаш од Бергамо.

Аталанта за услугите на 24-годишниот крилен играч ќе му плати на неговиот поранешен клуб обесштетување од 15 милиони евра, како и дополнителни бонуси.

Лукман, кој може да игра на двете крила, како и во нападот, изминатата сезона беше позајмен на Лестер, каде на 42 натпревари постигна осум голови со пет асистенции.

– Лукман е многу брз, вешт во дриблингот и длабоко во нападот, способен да покрие повеќе позиции во офанзивата, соопшти Аталанта. (МИА)