петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аталанта загуби од аутсајдерот СПАЛ

Аталанта загуби од аутсајдерот СПАЛ

Екипата на Аталанта неочекувано го загуби синоќешниот дуел со СПАЛ од 20. коло од италијанскиот шампионат. Гостите победија со 2:1 и не се веќе последни на табелата.

За домаќините погоди Јосип Иличиќ во 16.минута, Андреа Петања во 54. минута го најави изненадувањето, додека Матија Валоти го постигна победничкиот гол за СПАЛ во 60. минута.

Аталанта со 35 бода го зазема петтото место на табелата во Серија А, СПАЛ се искачи на 18.место со 15 бода.