Јани Атанасов верува и во себе и во Македонија и очекува голема битка и победа во Тбилиси против Грузија на 23. септември.
На Динамо арена ќе играме клучен меч за првото место и се освен убедлива победа дефинитивно ќе значи дека Македонија нема да има шанси за пробив во повисок ранг на натпревари во Лигата на Нации, односно ќе остане во Ц сегментот.
„Не сме комплетни и ни фалат неколку репрезентативеци, но затоа сме ние тука за да дадеме се од себе. Очекуваме селекторот да подготвки тактика за успех, а ние да ги исполниме зададените задачи на терен. Мораме да играме поагресивно од претходниот меч со Грузија, кога не победија во Скопје со 3:0. Имаме доста квалитетни млади играчи и жедни сме за успех на Македонија. Одиме на победа во Грузија“, изјави Атанасов.