петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Атлетик“: Меси води тајни преговори, но не станува збор за Барселона

„Атлетик“: Меси води тајни преговори, но не станува збор за Барселона

Лионел Меси најави дека многу работи ќе бидат појасни за неговата иднина по крајот на мундијалот кој се игра во месец ноември и декември, од едноставна причина што Аргентинецот ќе биде слободен да преговара со било кој клуб во месец јануари, со оглед на фактот што актуелниот договор со ПСЖ му истекува на лето.

Меси го задржува правото да остане слободен агент и да потпише со оној клуб кој тој смета дека е најдобар за него, а како што стојат работите во моментов, тоа најверојатно нема да биде ПСЖ кој иако прави притисоци, не може посериозно да влијае врз одлуката на аргентинскиот фудбалер.

Конечната одлука сигурно ќе ја дознаеме во вториот дел од сезоната, но според угледниот „Атлетик“, во овој момент одличен терен за ангажман на Меси подготвил Дејвид Бекам, кој како сопственик на Интер Мајами смета дека е идеален тајминг за носење на Меси во американската МЛС лига.

Според изворите на познатиот новинар Давид Орнстајн, Меси води тајни преговор со Бекам и Мајами, а не со Лапорта и Барселона кои посакуваат негов кам-бек на „Камп Ноу“, пред се поради тоа што голема желба на Лео од поодамна е да живее во Америка и да го искуси фудбалскиот предизвик во оваа земја.

Само Меси го има одговорот дали тоа ќе го направи на 35-годишна возвраст, или ќе почека уште некоја сезона, бидејќи добро познато е дека тој отворено говореше за МЛС лигата уште додека беше дел од Барселона.