сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико го сака Депај како замена за Феликс

Атлетико го сака Депај како замена за Феликс

Атлетико Мадрид денес се раздели со Жоао Феликс, кој замина во Челзи на позајмица со крајот на сезоната.

„Јорганџиите“ сега се во потрага по нов офанзивен фудбалер како негова замена, а прво име на списокот е Мемфис Депај од Барселона.

Депај е во втор план па сака да ја промени средината, а и Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара само 2 милиони евра, а Атлетико Мадрид е спремен да ја искористи ситуацијата.

Интерес за Холаѓанецот покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но Атлетико сака да ја победи конкуренцијата.