Атлетико не доби никакви барања за трансфер за напаѓачот Диего Коста, објави „АС“.
Според шпанскиот портал, Атлетико сака да го продаде 31-годишниот напаѓач, надевајќи се дека на негово место ќе ги ангажира Луис Суарез или Единсон Кавани.
Минатата сезона во Ла Лига, Диего Коста одигра 23 натпревари на кои постигна пет гола и оствари четири асистенции.
Во Мадридскиот клуб Коста се врати од Челзи во 2017 година