Фајнал-фор турнирот во Лига на нации е закажан за месец јуни оваа година, а се изврши ждрепката за селекциите кои ќе се борат за титулата.
Турнирот ќе се одржи во Холандија од 14-ти до 18-ти јуни и ќе се игра на стадионоте ви Ротердам и Еншеде, а ждрепката која ја изврши Весли Снајдер посака домаќинот да го отвори натпреварувањето против Хрватска.
Во второто полуфинале, силите на 15-ти јуни ќе ги одмерат Италија и Шпанија во Еншеде и тоа ќе биде големо европско дерби, во кое „фуријата“ ќе биде предводена од новиот селектор Де Ла Фуенте.
Натпреварот за третото место ќе се игра на 18-ти во 15:00 часот, додека финалето е закажано за Ротердам истиот ден во 20:45 часот.