Австралија ќе игра против Перу во финалето на плејофот за Светското првенство во Катар откако во полуфиналето ја совлада селекцијата на Обединетите Арапски Емирати со 2-1.
Џексон Ирвајн во 53.минута донесе предност за Австралија, а само четири минути подоцна израмни Кајо Канедо. Сепак, триумфот на Австралијците им го донесе Ајдин Хрустиќ во 84.минута од натпреварот.
Мечот се играше на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, а Австралијците покажаа дека се поквалитетна репрезентација.