Звучи интересно, но така е. Иако не играа вчера, дури пет репрезентации на ова ЕП се пласираа во 1/8 финалето. Во моментов таму има 11 селекции, очекуваме денеска и утре да заврши групната фаза, па така ќе се знаат сите осминафиналисти.
Досега во следната фаза се селекциите на Италија, Велс, Холандија, Белгија, Швајцарија, Данска, Австрија, Чешка, Англија, Шведска и Франција.
Па така засега се знаат само две осминафинални двојки, а тоа се Италија – Австрија (26 јули, Лондон) и Велс – Данска (26 јули, Амстердам).
Значи остануваат уште пет места, па со тоа да се комплетираат патниците за осминафиналето на ЕУРО. Македонија во својот прв настап на овие ЕП не успеа да освои ниту бод во својата група Ц.