Фудбалската репрезентација на Русија пристигна на „Пољуд“ со два бода предност на врвот на табелата и реши со дефанзивен пристап да го зачува првото место на табелата, но не успеа.
Во 81. минута, Кудрјашов си постигна несмасен автогол, реагираше неспредно на подалечната статива и го совлада својот голман.
Избраниците на Карпин не успеаја да се врати по овој шок, па Хрватска обезбеди директен пласман на Светското првенство а Русија својата шанса ќе ја бара преку баражот.