Еден Азар дојде на подготовките на Реал Мадрид во врвна форма. Во 2019 година белгискиот репрезентативец пристигна од Челзи во мадридскиот клуб за 150 милиони евра, но не ги оправда огромните пари. Освен што има проблеми со повредите, Азар е познат и по брзото зголемување на вишокот килограми.
На крајот од минатата сезона тој вети дека ќе даде се од себе за да обезбеди квалитетни игри во Реал, што го покажа и на вчерашниот лекарски преглед. Марка пишува дека раководството на клубот било загрижено дали тој ќе се врати во лоша физичка кондиција бидејќи не внимавал на исхраната и физичката подготовка. „Азар го исполни ветувањето дека ќе се врати на работа. Подготвен е и мотивиран“, истакнува Marca.
😀 @Twitter is back pic.twitter.com/ItiXgVb5bn
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 14, 2022
„Дејли мејл“ потсетува на тврдењето на поранешниот соиграч Марцин Булк, според кој 31-годишниот Азар за време на празниците ужива во брза храна како пица и хамбургери. Впрочем, тоа го призна и Азар: „Нема да лажам, кога сум на одмор, на одмор сум. Некогаш добивав пет килограми. Лесно можам да се здебелам и лесно да ослабам килограми, ако внимавам. “