Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар најави заминување од клубот доколку „сините“ од Лондон не обезбедат место во Лигата на шампионите следната сезона.
Белгиецот сака и следната сезона да игра во елитното натпреварување, а евентуален неизборен пласман во ЛШ може да предизвика големи промени во клубот.
Англиските медиуми јавуваат дека покрај Азар, на списокот за заминување од се уште англискиот шампион се и Куртоа, Фабрегас, Жиру, Давид Луиз, Педро….
Во моментов Челзи е на петтата позиција во Премиер лигата со осум бода заостанување зад позицијата која обезбедува учество во шампионската лига на УЕФА.