Еден Азар важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот додека настапуваше за Челси, но по трансферот во Реал Мадрид следеа серија на повреди кои не му дозволија на Белгиецот да ја преслика формата од „Стемфорд Бриџ“ на „Сантијаго Бернабеу“.
Играчот вреден 115 милиони евра од 2019 година досега забележа само 55 настапи во сите конкуренции за „кралскиот тим“ па и покрај тоа што 12 од нив се оваа сезона е блиску до нова промена на средината. Како опција се јавува враќање во главниот град на Англија, но во редовите на Вест Хем.
„Чеканите“ и во новата сезона играат одлично. Во Премиерлигата се на четвртата позиција на табелата, додека во Лига Европа се пласираа во осминафиналето па со цел задржување на одличната форма и во вториот дел од сезоната целат на нови засилувања, а еден од нив е и поранешниот фудбалер на Челси кој еден од своите најубави голови го постигна токму против Вест Хем.