Противник на македонската фудбалска селекција денеска ќе биде Азербејџан. Шанса да се победи и да се зголеми самодовербата, но и шанса да се прекине лошата серија без победа која трае четири натпревари (Грузија, Бугарија, Саудиска Арабија и Финска).
Со нешто изменет тим од последниот меч со Финска, Македонија денеска ќе излезе на мегдан со Азербејџанците. Сигурно ќе ги нема Алиоски и Миовски кои откажаа поради семејни причини и поради болест, а сигурно дека некои од оние кои беа на теренот 90 минути со Финците, ќе го почнат мечот од клупата денеска.
Благоја Милевски, селекторот на Македонија, кажа дека и овој тест со Финска, како и оној со Азербејџан, се квалитетни тестови пред стартот на ваклификациите.
Мечот Македонија-Азербејџан стартува во 14 часот.