петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бабунски избран во тимот на колото во Унгарија

Бабунски избран во тимот на колото во Унгарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дориан Бабунски е избран во најдобрата единаесетка на колото во првата лига на Унгарија.

Репрезентативецот беше клучен играч на Дебрецин во победата над Пушкаш Академија од 2-0, голови кои беа негово дело.

За Македонецот беа први погодоци во новиот клуб во кој пристигна по одличната сезона во Ботев Враца (Бугарија) со што најави дека ќе го задржи голгетерскиот ритам и во Дебрецин.

За оваа партија тој доби сосема очекувано признание и се најде во тимот на 21. коло.

-Играч на натпреварот беше македонскиот напаѓач. Во првото полувреме по два трика ја испрати топката во голот од 12 метри,  а во второто беше успешен во два чекори, -се вели во објаснувањето.