петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бабунски: Ќе дадеме сè од себе во Палермо

Бабунски: Ќе дадеме сè од себе во Палермо

Македонската фудбалска репрезентација е асочена кон еден од своите најголеми натпревари во својата фудбалска историја, полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство против актуелниот европски шампион Италија в четврток (24 март, 20.45 часот) на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Денеска се комплетира селекцијата предводена од селекторот Благоја Милевски кој освен суспендираните Елиф Елмас и Тихомир Костадинов (поради жолти картони поради кои немаат право на настап против Италијанците) нема проблеми со повредени играчи или отсуство.

Давид Бабунски е повратник во нашата најдобра репрезентација, играчот на унгарскиот клуб Дебрецин е среќен што по долго време е повторно во сениорскиот национален дрес.

– Тука сум со истата желба и истата гордост кога првпат настапив за репрезентацијата. Свесни сме против кои играме, ќе биде тежок натпревар, но и за ривалите ќе биде тешко. Покажавме дека можеме да се носиме против најголемите репрезентации, ќе излеземе на теренот, ќе дадеме сè од себе за да победиме. Нема што да загубиме, одиме со големи амбиции, на гостински терен, така што мислам дека сме подготвени на ваков предизвик. Мислам дека можеме да постигнеме нешто убаво. Од наша страна ќе играме со срце и со желба да го дадеме максимумот за да славиме на крајотвели Бабунски