Македонскиот фудбалски репрезентативец Доријан Бабунски зборуваше за медиумите пред двата важни натпревари во Лигата на Нации. Македонија има шанси за првото место во групата, меѓутоа Грузија е во многу подобра позиција од нас поради победата во Скопје.
„Во првите натпревари според мене покажавме едно високо ниво и ако продолжиме со ист начин очекувам подобри резултати. Мораме да бидеме поефикасни, посебно тој натпревар против Грузија, пропуштивме неколку шанси, одигравме одлично и во поглем дел од натпреварот бевме подобри на теренот. Недостасуваат неколку играчи, но тие што се тука имаат добар старт од сезоната и верувам дека ќе го задржиме нивото што го прикажвме на претходните натпревари“, изјави Бабунски. изјави Бабунски.