Давид Бабунски се врати во националниот тим и одигра одлични два натпревари на стартот на новата сезона од Лигата на нациите.
По вториот меч и првата победа во Гибралтар (0-2) играчот од средниот ред потенцира дека важна му е вербата на селекторот и дека е благодарен што има шанса да игра за националниот тим.
„Не беше лесно да се игра попладнево. Како професионалци имаме одговорност да играме на секој натпревар максимално. Јас сум истиот од пред десет години, оние кои ме знаат, ги знаат моите карактеристики. Селекторот ме познава, ми верува и благодарен сум што ме врати во репрезентацијата“, изјави Бабунски.
Нашиот национален тим сега се враќа во Скопје каде следат два натпревари – прво против Грузија (9 јуни), а потоа уште еден реванш против Гибралтар.