Фудбалерите на Баер Леверкузен со 3:0 ја совладаа Арминија во рамки на 24 коло од Бундеслигата.
„Фармацевтите“ поведоа во 30 минута со голот на Лукас Аларио во 30 минута, а во второто полувреме блесна Муса Диаби кој даде два гола. Првио го постигна во 57 минута, а победата ја завери во 81 минута.
Возбудлив натпревар одиграа и Борусија Менхенгладбах и Волфсбург во натпревар на кој беа постигнати четири гола и на крајот заврши без победник.
Гостите по 33 минути игра имаа водство од 0:2 благодарение на головите на Винд и на Борнау, но Борусија успеа да се врати. Прво Тирам во 42 минута намали на 1:2, а во 82 минута Емболо погоди за израмнување. Домашниот тим во судиското продолжение постигна уште едне гол преку Гинтер, но судијата го поништи поради прекршок.
Фрајбург без поголеми проблеми дојде до победа од 3:0 над Херта, додека Гројтер Фирт и Келн одиграа без победник 1:1.
Резултати:
Баер Л. – Арминија 3:0
Борусија М. – Волфсбург 2:2
Ферајбѕург – Херта 3:0
Гројтер Фирт – Келн 1:1
Унион Берлин – Мајнц 3:1.