Екипата на Баер Леверкузен ќе игра во финалето фудбалскиот Купот на Германија, откако синоќа во полуфиналето како гостин го совлада Сарбрикен.
„Фармацевтите“ немаа поголеми проблеми со клубот од четвртата дивизија во германското првенство и на крајот триумфираа со 3:0.
Во финалето, ривал на Баер ќе биде победник од вечерашниот дуел Баерн – Ајнтрахт. Овој меч ќе се игра во Минхен со почеток во 20:45 часот.