среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен, конечно, најде голман

Баерн Минхен, конечно, најде голман

Швајцарскиот голман Јан Зомер, ќе биде нов член на Баерн Минхен до крајот на денешниот ден. Чуварот на мрежата на Борусија Менхенгладбах и гигантот од Минхен постигнале договор за соработка и тоа за следните 2,5 години.

34-годишниот зомер доаѓа кај „Баварците“ како замена за Мануел Нојер, кој поради скршеница на ногата, ќе паузира до крајот на сезоната. Менхенгладбах порано не го пушташе својот голман, поради тоа што Баерн сакаше само позајмица до крајот, а Менхенгладбах инсистираше на трансфер.

Целиот трансфер ќе изнесува околу 10 милиони евра (8,5 милиони плус бонуси). Зомер го напушта Менхенгладбах после девет години минати во клубот. Тој дојде од Базел, а претходно играше и за Грасхоперс и за Вадуц.

Инаку Јан Зомер е рекордер по бројот на одбрани на еден натпревар во Бундеслигата (18), и тоа токму против Баерн Минхен.