недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен се спаси од пораз на „Ред Бул Арена“

Баерн Минхен се спаси од пораз на „Ред Бул Арена“

На втората осминафинална пресметка вечерва, Сацлбург беше на чекор од сензација против Баерн Минхен, но такво нешто сепак не дозволи Кингсли Коман.

Австрискиот тим водеше од првото полувреме со голот на Адаму и така беше до 90-та минута, но тогаш на вистинско место во вистинско време се најде Коман кој израмни на 1:1 по целосната иницијатива на германскиот тим.

Салцбург ќе се обиде да направи изненадување на реваншот на „Алијанц Арена“ кој е закажан за 8 март.